| четврток, 6 декември 2018 |

Морето исфрлило влакнесто чудовиште без очи (ВИДЕО)

На источниот брег на Русија, морето исфрлило необично влакнесто чудовиште кое локалните жители ги оставило во шок, пишува „Сибериан Тајмс”.

Суштеството има долга опашка и прекриено е со крзно, а наводно е големо колку тројца луѓе и нема видлива глава и очи.

Локалните жители нагаѓаат дека можеби станува збор за некој изумрен вид кој останал на длабочини или леш на влакнест мамут кој се појавил на површината после топењето на мразот.

Научници пак мислат дека станува збор за дел од кит.

Телото испливало на брегот на селото Пакахачи, а Светлана Даденко, која е сведок на овој необичен настан, тврди дека најмногу ја изненадил фактот што животното е со крзно.

„Дали тоа е некое древно суштество? Се надевам дека научниците ќе ни ја разјаснат оваа енигма. Изгледа како влакнест октопод. Многу е чудно” – изјавила таа, а рускиот биолог изнел своја теорија.

„Мислам дека станува збор за дел од кит. Под влијание на морето, времето и разните животни, китовите често добиваат бизарни облици. Ова е само дел од китот, не и целото животно” – изјавил рускиот морски биолог Сергеј Корнев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top