Под името „Калиопи фан фестивал“, Калиопи на нејзината официјална страна на „Фејсбук“ ги повика нејзините обожаватели да изберат една од песните на последниот албум „Мелем“ и да ја препеат. Најдобрите видеопреработки за кои публиката ќе гласа, ќе бидат наградени.
Фестивалот ќе се одвива во три дела:
Првиот дел трае од 9 до 25 јули. Во тој период, на официјалната страница на „Фејсбук“ сите обожаватели ќе имаат можност да гласаат и да го дадат својот предлог за три најомилени песни од албумот „Мелем“.
Вториот дел трае од 25 јули до 25 август. Трите избрани песни кои ќе добијат најмногу гласови, ќе бидат поставени на официјалниот канал на Калиопи на „Јутјуб“ како караоке верзии кои обожавателите ќе можат да ги преземаат и да ги користат за снимање на своите интерпретации.
Во третиот дел, од 25 август до 10 септември, сите снимени видеа и испратени до фестивалот ќе бидат поставени за гласање на официјалната фан страница на „фејсбук“. Гласањето за надобар преработка завршува на 10 септември, точно напладне.
За најдобрите тројца учесници следуваат награди. Првата награда е викенд на некоја дестинација во Македонија, запознавање и дружење со Калиопи. Втората е ВИП третман, влезници и присуство зад сцената на еден од големите концерти на Калиопи, планирани за оваа есен. Третата награда е албумот „Мелем“ и многу сувенири од Калиопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.