| четврток, 6 декември 2018 |

Двегодишно дете од Индонезија пуши по две кутии цигари на ден (Видео)

Рапи Ананда Памункас од Сукабуми, Индонезија има две години и е зависник од цигари. Неговата мајка вели дека не може да заспие без цигара.

Целата приказна започнува кога двегодишниот Рапи почнал да собира фрлени отпушоци покрај уличната тезга на неговата мајка. За неколку дена тој станал зависник и почнал да бара цигари од купувачите. И додека некои за чиста забава му давале цигари, гледајќи го како пуши, неговите родители наскоро се соочиле со огромен проблем бидејќи детето станувало агресивно кога не ја добивало саканата цигара, пишува Metro. Токму поради напади од бес мајката почнала да му купува по две кутии цигари дневно.

„Моето дете се навикна да пуши додека пие кафе и јаде колач. Пуши секој ден веќе два месеци. Полудува ако не му дадам цигара, без нив не може да заспие. Почнува да вика и плаче. Цигарите се скапи, но мораме да му купуваме бидејќи пуши по цел ден“, вели 35-годишната Марјати.

Ни таткото не може да му забрани на детето да пуши.

„Не можам да го одбијам, јас дури не ни пушам дома, туку само на работа. Малиот сака да пие шолја мокачино и да пуши цигари“, вели 40-годишниот Мисбахудин.

Родителите велат наскоро ќе го однесат детето на доктор за да ја надмине зависноста од цигари. Индонезија е земја со најголем број пушачи во светот, а проблемот континуирано расте. Околу 9% од децата под 18 години редовно пушат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top