Најмалку 35 лица загинаа откако вчера надвозник се сруши во близина на Џенова во Италија.
Меѓу загинатите се Роберто Робиано (44), неговата сопруга Ерсилиа Пичинино (41) и нивниот девет годишен син Самуел. Биле тргнати на одмор во Сардинија.
Полицијата, по тргаедијата го пронашла нивниот автомобил под рушевините. За време на пребарувањето, најдени биле чадор и ќебе, како и телефон кој останал во возилото, а кој заѕвонил додека екипите го пребарувале местото. На екранот пишувало „мама“. Од другата страна на телефонската линија била бабата која сакала да се слушне со својата ќерка.
Никој од официјални лица не можел да се јави.
Само неколку метри подалеку од уништениот автомобил лежеле три тела – таткото, мајката и синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.