| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 35 загинати досега: Погледнете како изгледаше мостот во Џенова пред рушењето

Денеска се сруши мост на автопатот А10, кај Џенова, во Италија. Досега бројот на загинати е најмалку 35 лица, а се стравува дека под рушевините има уште жртви.

Се работи за мост кој е познат под името Моранди, изграден во 1960 година. Пред рушењето беше долг 1.102 метри. Италијанските медиуми пишуваат дека причина за рушењето е слабата конструкција.

Си-Ен-Ен на својот Твитер профил објави видео како мостот изгледал пред и како изгледа после рушењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top