| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши македонско-српската трговска војна

vinobrasnosrbija

Македонија и Србија ги надминаа разликите околу трговијата со српската пченица и најавија нормализирање на трговските односи.

На денешната средба на Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, и Расим Љаиќ, заменикот претседател на српската влада, се договориле уредбата за ограничување на увозот на српска пченица во Македонија да се укине. Според оваа уредба, македонските трговци имаа обврска за килограм увезена пченица да мораат да купат три килограми домашна, а за килограм брашно да купат четири килограми домашна пченица.

– Нема да има потреба од наша страна да воведуваме реципроцитетни мерки. Уредбата на македонската влада ќе биде укината во наредниот период – изјави српскиот министер Љаиќ.

Српската влада се закани со можно воведување реципрочни мерки со забрана за узвоз на македонски домати и вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top