| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу секси за Лос Анџелес: Постерот за емисијата на Хајди Клум забранет поради голотија

Билбордот со кој се најавува 12-тата сезона на реалното шоу на Хајди Клум, „Модна писта“ (Project Runway) е прогласен за непримерен за градската јавност.

На рекламата се прикажани голи машки и женски модели кои ја опкружуваат 40-годишната Хајди облечена како кларица, на која ѝ треба „нова облека“. Покрај неа е Тим Ган, нејзината десна рака, а двајцата во раце држат големи игли, наместо скиптар.

Градските власти рекоа дека манекените мора да се облечат електорнски пред плакатот да биде јавно изложен на библордите, автобуските станици и во продавниците. Сега ќе биде направена алтернативна верзија со манекени во долна облека.
Меѓутоа, Њујорк ја одобри оригиналната верзија.
Дванаесеттата сезона на емисијата, во која млади дизајнери се натпреваруваат за ангажман на њујоршката модна недела, премиерно ќе биде прикажана во САД на 18 јули, а меѓу познатите гости ќе бидат актерките Кејт Босворт, Алисон Вилијамс и Кејли Куоко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top