| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Охрид: Татко и бебе изгореле во барака

pozar dukan kuka

Голема трагедија утрово го разбуди Охрид. Според порталот „Прес24“, утринава околу 6 часот избувнал пожар во барака близу болницата „Свети Еразмо“. Противпожарните екипи излегле на терен и го изгасиле пожарот кој ја проголтал бараката.

Според првичните информации до кои стигнавме, во изгорената барака биле пронајдени изгорен човечки труп и труп од бебе. Се претпоставува дека станува збор за татко и син.

Полицијата врши увид на местото на трагичниот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top