Романскиот шампион Стеауа е во одлична форма пред двомечот со македонскиот првак Вардар, а потврда за тоа е убедливата победа вечерва во Суперкупот. Најтрофејниот романски тим со 3-0 го совлада Петролул, а патем промашија и пенал.
Николиќ, Сукала и Пинтили беа стрелци на головите, а играчите на Стеауа одиграа извонредно и сите голови ги постигнаа во првото полувреме.
Вардар ќе гостува на 16. јули во Букурешт, а реваншот е две недели подоцна во Скопје. Натпреварите се играат во рамките на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)