| четврток, 6 декември 2018 |

Ненадејна бура во Бар, од отворено море спасени 13 лица (ВИДЕО)

Ненадејно невреме го зафати барскиот брег од ртот Ратац со Волујница, пренесува РТЦГ. Три брода на Управата за поморска безбедност вратиле од отворено море 7 пловила и спасиле 13 лица.

Благодарение на брзата реакција на спасувачките тимови никој не настрадал.

-Две лица на чамец во самата марина Бар се спасени, една едирилица на која ѝ беше откинат јарболот, па останала без погон, зашто се расипал моторот – и таа е довлечена до пристаништето Бар, изјавил Жарко Лукшиќ од Управата за поморска безбедност за црногорската национална телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top