Семејство во Струмица е нападнато со ножеви и секира. Струмичката полиција привела три лица кои осмничени за нападот врз четиричлено семејство на улицата „Бошко Буха“. Приведените се изведени пред истражен судија, во струмичкиот основен суд.
Напаѓачите и нападнатото семејство биле нивни соседи. Нападнати се маж, жена и две малолетни деца. Според првичните информации од очевидци, повредените имале убодни рани од ножеви во пределот на нозете и стомакот, а поради сериозноста на повредите од стрмучката болница се префрлени на Клиниките во Скопје.
Тројцата притворени, на возраст од 21 до 30 години, ги нападнале соседите во домот во раните утрински часови, при што се нафрлиле на нив со ножеви и секира, а и ги полиле со бензин за да ги запалат. Наводно, причина за насилството, било кавгата и тепачката меѓу дечињата на притворените и нападнатите.
Полицијата го истражува случајот во моментот, а истражен судија ќе одреди дали ќе изрече притвор за трите лица, кои се на распит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура