| четврток, 6 декември 2018 |

Со видео од 8 јули Град Скопје „докажа“ дека утрово се прскало против комарци (ВИДЕО)

Градската служба за информирање се пофали дека утрово било извршено третото авионско прскање против комарци во Скопје.

Во официјалното соопштение под зборовите „Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион“, поставено е видео објавено на Јутјуб минатиот месец, односно на 8 јули.

Од Градот известуваат дека третото авионско прскање се извршило во раните утрински часови и дека ќе продолжи во наредните три дена, односно до 13 август, понеделник, а потоа ќе продолжи прскањето од земја.

„По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември“, соопштија од Градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top