| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошите причини за глумење оргазам

OrgazamGlumaСекоја жена барем еднаш одглумила оргазам. Така барем вели статистиката. Некои причини се во ред, но има  мнофужжгу глупави оправдување за глумењето оргазам:

Досадно ни е
Досадниот секс е најлош секс, а поголем дел од жените во овој случај се свртуваат кон лажно стенкање и глума, со надеж дека нивниот партнер ќе заврши што побрзо. Ако ти е досадно немој да глумиш дека ти е забавно – потруди се навистина да ти биде забавно.

За да го поштедиме него
Поголем дел од мажите би се навредиле ако жената им каже дека не ја довеле до оргазам, па затоа тие бираат лаги за да го поштедат партнерот од непријатности. Со ваквото однесување само брзо ќе ви пукне филм од секс во кој глумиме дека е е онака како што треба. Покажете му како да биде подобар.

Преуморни сме
Ова дури е и ОК причина за глума, ама сепак глумата значи дека го лажеш својот партнер. Ако навистина си уморна, кажи му и поштеди се и себе , а потеди го и него од неискрен секс

Брзаме
Сексот е супер, ама ти имаш толку многу работа што те чека да ја завршиш, што воопшто не можеш да се сконцентрираш на она што го работиш. Ако перењето облека ти е подраго од сексот… е тогаш имате многу поголеми проблеми од полна машина смрдливи чорапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top