Голем број од прашањата поврзани со сексот се однесуваат токму на женскиот оргазам – како се случува, зошто постои, којa е неговата јачина?
Новинарите од сајтот Refinary29, ги запрашаа своите читателки – да им откријат како се чувствуваат додека доживуваат оргазам, барајќи од нив сликовито да го опишат тоа чувство.
Уметникот Сем Канон дел од најкреативните одговори ги визуелизираше во серија интересни анимации, кои се воодушевувачки микс од сексуална екстаза и уметност, а најдобро го претставуваат треперот на женското тело за време на оргазам.
Во продолжение, прочитајте како шест жени го опишаа својот оргазам, а погледнете и на кој начин нивните зборови се преточени во анимирани слики:
„Како сонце да ја огрева мојата утроба.“
„Како кога вода ќе зоврие во чајник.“
„Како земјотрес, длабоко во моето тело.“
„Како да се отвора брана и сета вода истекува надвор.“
„Се чувствувам како бранови струја да удираат во мене.“
„Тоа е чувство на неверојатна екстаза, како вагината да ми процветува.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.