| четврток, 6 декември 2018 |

Ви се расипуваат апарати, не ви оди со партнерот, ви откажуваат резервации – за се е виновен ретроградниот Меркур!

Ви се расипала машината за перење?Меркур е ретрограден! Напнати ви се односите со партнерот во последните денови? Меркур е ретрограден! Откажана ви е резервацијата за летување? Меркур е ретрограден!

Ретроградниот Меркур е крив за многу лоши работи кои ќе ви се случуваат до 18 август. Или барем тоа е  астролошкото објаснување за тој феномен.

Ретроградниот Меркур е привидно движење на тоа тело наназад кое влијае на многу аспекти во животот на човекот, првенствено на подрачјето на комуникацијата, патувањата и технологијата, а се случува по неколку недели во годината. Кога Меркур е во таа позиција, во вселената доаѓа до нерамнотежа, па работите не се случуваат онака како што сме замислиле.

Во 2018 година Меркур беше ретрограден од 22 март до 15 април. Во моментов сме сведоци на ретроградниот Меркур кој трае од 26 јули до 18 август, а таа планета ќе биде ретроградна и од 18 ноемеври до 6 декември.

Влијанието на ретроградниот Меркур го чувствуваат сите астролошки знакови, а со оглед на тоа дека во моментов е владеењето на Лавот, посебно ќе ги погоди припадниците на тој знак, како и Шкорпијата, Водолијата и Бикот.

Еве на што би требало сите знакови да внимавааат за време на ретроградниот Меркур:

-Не започнувајте нови проекти

-Секоја порака проверете ја два пати

-Не планирајте патувања

-Проверете ја состојбата на автомобилот

-Не купувајте нови технолошки справи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top