| четврток, 6 декември 2018 |

Ги плаши сите: Ретроградниот Меркур е полош од петок 13, а еве кога да го очекуваме оваа година!

Кога некој ќе го спомне ретроградниот Меркур, никому не му е сеедно. Тој со полно право ја заслужува својата негативна репутација. Имено тој феномен се случува три до четири пати во година, трае подолго од помрачувањето и може да направи целосен хаос за секој хороскопски знак. Меркур владее со комуникациите, патувањата и технологијата, поради што во периодот кога тој е ретрограден може да се очекуваат проблеми со компјутери, бројни недоразбирања, па и работи за кои сме мислеле дека се сигурно завршени.

Затоа не е чудо зошто многу луѓе доцнат на важни состаноци и договори, кога ретроградниот Меркур ги има своите пет минути.

Тоа не е период кога е паметно да се започнува нешто ново, но може да биде од голема корист ако сакате да разрешитее одредени дилеми или повторно се посветите на нешто што сте напуштиле.

Ако размислувате за проект кој никако не можете да го завршите или повик на стар пријател кој го немате слушнато „сто години“, тогаш ретроградниот Меркур е вистинско време за тоа.

 

Еве кога оваа година не очекува периодот на ретроградниот Меркур

-од 22 март до 15 април

-од 26 јули до 19 август

-од 16 ноември до 6 декември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top