| четврток, 6 декември 2018 |

Канцеларии и ресторан во антенскиот столб на Водно

atenski stolbСкопската телекомуникациска кула нема да биде само голем антенски столб. Објектот висок 150 метри, ќе има канцеларии и ресторан, во четирите затворени простории налик дискови. Идејното решение денеска го објавиja неколку портали, но истото може да се најде и на форумот за градба и архитектура „Билд“.

– „Црвеното е специјална мрежа, бетон е кулата во средина, платформите се од челик, на врв е емитер антена а роговите кои одат странично се комбинација челик- бетон. “- се вели во еден од одговорите на анонимниот корисник на форумот на „Билд“.
Телекомуникациската кула на Водно е проект кој го реализира Агенцијата за електронски комуникации. Ќе чини барем 17,5 милион, ќе го гради „Гранит“ а објектот треба да биде готов за 5 години.
Маркичката за негова изградба е на околу 500- тини метри до Милениумскиот крст. Или гледано од Скопје, ќе биде од лево на досега највисокиот објект на планината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top