| четврток, 6 декември 2018 |

Мртвата жена од Аеродром била убиена

stop-policija-652Пе­де­сет и осумгодишната Јованка Најдова, која била пронајдена мрт­ва во нејзиниот стан на булеварот Јане Сандански во скопската населба Ае­род­ром со повреди на черепот, е убиена – објави Вест. Ова е утврдено по првичната истрага.

-Покрај пов­ре­ди на главата, таа има и други повреди по телото – изјавиле луѓе од истрагата. За­се­га сe уште не се знае како и со што била усмртена жената. Не се знае ни мотивот за убис­тво­то ниту дали полицијата има осомничени лица.

Неј­зи­но­то тело, во фаза на распаѓање, беше пронајдено од полицијата завчера, от­ка­ко соседите пријавиле дека од нејзиниот стан, во кој живеела сама, се ширела не­под­нос­ли­ва смрдеа. При првичниот увид било констатирано дека Најдова имала повреда на черепот. Мрт­во­то тело на Јованка, кое било во фаза на распаѓање, увидните екипи го пронашле на по­дот. Влезната врата би­ла отклучена, а прозорецот на една од собите, кој гледа од зад­на­та страна на згра­да­та, бил отворен.
Јо­ван­ка, како што ни раскажаа станарите, последен пат била видена пред пет дена, ко­га се претпоставува дека починала.
Ка­ко што раскажуваа соседите, и покрај тоа што живеела сиромашно, таа била добро си­ту­и­ра­на. Имала и други два стана и дуќан, кои ги издавала под кирија.
Од­вре­ме-навреме Јованка ја посетувал нејзиниот син, кој живеел во друг стан, исто та­ка, сопственост на Јованка. Тој бил вработен во Клинички центар, но како што ни рас­ка­жаа вчера станарите, бил отпуштен од работа, па откако се развел од сопругата, поч­нал да питачи низ Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top