| четврток, 6 декември 2018 |

Косово со најголем број борци на ИД меѓу сите балкански држави

%d0%b8%d1%81%d0%b8%d1%81

Во текот на последните пет години на борбеното поле во Сирија и Ирак биле заминати околу 43.000 странци од сите краеви на светот, а од Западен Балкан таму најмногу војувале државјаните на Косово, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија, изјави денеска за загрепскиот весник „Јутарњи лист“ експертот по тероризам од Сараево, Влада Азиновиќ.

Според податоците на безбедносните агенции, од 2011 година од Западен Балкан за Сирија и Ирак заминале вкупно 950 лица, најмногу од Косово (316). Од Босна и Херцеговина за двете земји заминале 260 лица, од кои околу 180 мажи, а останатите биле жени и деца. Следуваат државјаните на Македонија и Албанија (за кои не се посочени конкретни бројки). Од Хрватска заминале шест лица, од кои три биле жени.

Азиновиќ, исто така, посочува дека балканските џихадисти се разликуваат од европските по тоа што вообичаено се иселуваат заедно со своите семејства, а понекогаш тоа го прават и до три поколенија заедно.

Балканските џихадисти се разликуваат и по начинот на радикализација, бидејќи во земјите, како Франција, Белгија и Германија, новите приврзаници на радикалниот ислам се стекнуваат најчесто преку затворите, џамиите или интернетот, а во Западен Балкан, на пример во Босна и Херцеговина, главно преку лични контакти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top