Во пресрет на првите 100 дена од отпочнувањето на 4 годишниот мандат – градоначалник на општина Охрид, денеска градоначалникот Никола Бакрачески во своето експозе даде отчет за сработеното и повторно ја истакна цврстата заложба за поставувањето принципи на современо управување и донесување одлуки, како единствена цел – да одговори на модерните форми на менаџирање со општината и да овозможи подигнување на квалитетот на живот на граѓаните на општина Охрид.
-Изминуваат сто дена од моето преземање на функцијата Градоначалник на Oпштина Охрид. Во принцип, сто дена се доволен период да се направи една рамка на активностите на локалната самоуправа, која понатака треба да се надоградува и разработува. Општина Охрид и јас како прв човек на локалната самоуправа, во овој период бевме исправени пред сериозен предизвик за отпочнување на еден нов начин на управување и функционирање на Охрид, со проекти, кои во Програмата им беа претставени на граѓаните, а тие во големо мнозинство ме легитимираа мене и мојот тим да го спроведеме ветеното.
Соочени со сериозни финансиски обврски на општината кои достигаат 32 милиони евра долгови кон голем број физички и правни лица, неорганизирана и неефикасна администрација, 428 судски спорови за неподмирени обврски и блокирана жиро сметка, состојба, која е далеку понеповолна од нашите претпоставки – вели Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


