| четврток, 6 декември 2018 |

Загубија во бараж и си го продадоа најдобриот играч за 50 фудбали

Неверојатен трансфер, фудбалер во замена за 50 топки се случи во Костарика, а во историја се запиша Роџер Фалас, играчот на Пума Џенералена. Неговата екипа не успеа да победи во бараж мечот за влез во Првата лига на Костарика, а потоа се случи чуден но фер потег. За да не го спречуваат во развојот својот најдобар фудбалер, раководството на поразениот состав одлучи да го продаде Фалас токму на тимот што ги победи Универзидад. Но, победниците немаат пари да го платат трансферот, па се склучи неверојатен „дил“ и Фалас замина за само 50 фудбалски топки.

„Ни беше жал за Роџер, бидејќи заслужи да игра во Првата лига. Ги прифативме топките како надомест за него, бидејќи не сакавме да го попречуваме неговиот развој. Да победевме сигурно немаше да го продадеме нашиот најдобар играч“, изјави директорот на Пума Џенералена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top