| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизиската „Нинанајна” на Елена Ристеска по 12 години ја препеја турска пејачка (видео)

Песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 година доби турска верзија.

Tam Vakti се вика преработката на турски јазик, а е изведена од пејачката Севтуг.

Елена сподели краток дел од спотот на Instagram и во описот напиша: „Малку поинаква верзија на Нинанајна, преработена на турски јазик. После скоро 12 години од Евровизија, сè уште интересна за европската публика. Сепак она што останува и она што се запишува во историја на музиката се песните, сè останато е неважно…“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top