Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица (две машки и две женски лица) од Куманово поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено утрово околу 03.30 часот во дискотека во Охрид.
Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла со шишиња кон присутните. И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња, а во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето.
Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.