Мотоцикистот Александар Антониевиќ, кој во средата загинал на во сообраќајна несреќа кај селото Петровац во Србија, бил погребан во петокот заедно со неговата мајка Добрила, која починала во моментот кога слушнала за несреќата на нејзиниот син.
Тој од селото каде живее со неговиот татко и сопругата возел во посета на мајка си во соседното село. Неговите родители со години биле разделени, па тој пат го поминувал речиси секојдневно. Александар излетал од патот, од засега непознати причини. Според шпекулациите на српските медиуми, тој бегал од полициска патрола, затоа што немал регистрација на своето возило. Тој бил жив во моментот кога Брзата помош пристигнала, но починал на патот кон болница.
Неговата мајка доживеала шок и починала само два часа по смртта на синот.
Трагедијата во семејството Антониевиќ започнала уште со раѓањето на двете деца на Александар.
- Беше весело момче, но несреќата го пратеше цел живот. Во бракот со Сабрина доби два сина, но за жал, и двете момчиња беа родени со тешка парализа. Едното почина пред две години, на четиригодишна возараст. Второто дете почина пред само два месеци, баш кога наполни 9 години – раскажува сосед за „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона


