| четврток, 6 декември 2018 |

Им „бришнала“ на полицајците со 228 километри на час!

Патрола на полицијата во округот Линколн во државата Небраска, во рок од неколку минути двапати казнила една жена која возела брзо  и тоа за само неколку минути. Откако била казнета еднаш, жената „збришала“ од местото со уште поголема брзина, па полицајците продолжиле да ја следат и речиси ја уапсиле, соопштуваат од станицата на локалниот шериф.

Шато Вилсон од Ајова била запрена откако полицијата добила сигнал дека жолт автомобил се движи премногу брзо на магистралата I-80. Патролата која била во реонот утврдила дека жената вози со брзина од 148 на место каде било дозволено 121 км/ч. Вилсон не била толку растревожена од казната, па „бришнала“ со уште повисока брзина.

Тоа не останало незабележано од полицајците, кои ја следеле и утврдиле на радарот дека вози со 228 км/ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top