| четврток, 6 декември 2018 |

Моменти пред трагедијата: Возеше 180 км на час, а за неколку секунди загинаа пет лица (Видео)

На Интернет е објавено видеото на кое се прикажани последните моменти пред 22-годишното момче да предизвика сообраќајна несреќа во која во петокот животот го изгубија 5 лица во Флорида, САД. Возачот Пабло Кортез го снимила неговата сопатничка Џоли Бартоломе, која додека го снимала со својот телефон, ја уклучила опцијата „Спидометар“ која ја покажува брзината со која се движеле.

Кортез возел над дозволеното ограничување, или како што се гледа на снимката со 115 милји на час, што е околу 180 киломтери на час.

50622unilad-imageoptim-crash3

Тој го возел својот син голф, а парот кратко по завршувањето на видеото се судрил со автомобилот на 39 годишната Маринела М. која ги возела своите две дечиња кои имале девет и десет години.

Тамошните медиуми објавиле дека несреќата била предизвикана од улични трки во кои младите учествувале, но од полицијата за сега велат дека нема докази за овие тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top