| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на чешката диоломатија „фатен“ како вози 180 км/ч

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек го прекршил законот возејќи на автопат со брзина од 180 километри на час, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се враќав многу доцна дома во Острава и причината за брзањето беше едноставна – да бидам што побрзо дома, а автопатот беше апсолутно празен, изјави Заоралек, кој кога бил запрен од полицијата одбил да се повика на имунитетот.

Шефот на чешката дипломатија, кому за пребрзо возење на автопат, каде дозволена брзина е до 130 километри на час му се заканува парична казна до 400 евра, казнени бодови и одземање на возачката дозвола до една година, додаде дека е подготвен да ги сноси последиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top