| четврток, 6 декември 2018 |

Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патишта? (ФОТО+ВИДЕО)

Видео и фотоматеријал проследен со информација дека во соседна Грција е забележано луксузно теренско возило, сопственост на Министерството за внатрешни работи, но коешто се користи во приватни цели било доставено до редакцијата на „Нетпрес“.

Според нивните неофицијалните сознанија, теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистерски таблички СК-9559-АЛ, во моментов во Грција го користат четири млади девојки кои летуваат во популрарниот камп „Евридки“. Засега нема потврда дали девојките сами управуваат со службеното возило или, пак, ги вози службен возач од министерството.

За веродостојаност на информацијата, односно за евентуалната злоупотреба, „Нетпрес“ побара официјални информации од МВР: Дали луксузниот џип „Ренд Ровер Дискавери Спорт” со регистрација СК-9559-АЛ е возило на Министерството за внтатрешни работи? Дали во МВР знаат каде е возилото во моментов? И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото?

Од сужбата за односи со јавноста при МВР им било одговорено дека прашањата ќе бидат проследени до надлежните и доплнително ќе ни биде одговорено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top