| четврток, 6 декември 2018 |

Нудат 2.200 eвра за некој што ќе им помогне со оваа чудна свадбена желба

Британски младенци се скоро целосно подготвени за нивниот најважен ден, но им недостига само уште нешто – некој кој ќе им помогне да ја снимат нивната прва брачна ноќ. Огласот на оваа двојка вели дека бараат камерман, кој ќе направи микс од видеа и фотографии, кои ќе им останат како спомен од таа ноќ.

Тие прво ја прашале продукцијата која ќе ја снима веселбата, но оттаму им одговориле дека ниеден од нивните камермани не се чувствува удобно за да ја исполни таа задача.

Двојката до толку немала среќа во пронаоѓањето на човекот кој ќе им ја овековечи оваа ноќ, што морале да испрат оглас. За оваа услуга нудат 2.000 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top