| четврток, 6 декември 2018 |

Србинот бил платен убиец: Сигурносни камери го снимиле убиството на „Кралот на Малта“ (ВИДЕО)

На интернет се појави видео на кое се гледа како Србинот Бојан Чрнелик (35) го убива бизнисменот од Малта Хуго Хеткути.
Чрнелик ќе одговара за тешкото убиство на Хеткути, откако на 6 јули го нападна пред неговиот рестаран на Малта и му зададе два кобни убоди со нож.
Се шпекулира дека Србинот бил платен убиец, особено поради тоа што не изговорил ниту еден збор за време на испрашувањата и процесуирањето во полиција, пренесуваат медиумите од Малта.
Убиецот непосредно пред нападот се обиде да го сокрие своето лице од камерите, но сведоците го открија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top