| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Кузмановски запеа „Во име на љубовта“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Миле Кузмановски пред неколку дена на објави неговата нова песна насловена како „Во име на љубовта“.

Кузмановски за новата песна вели дека кога искуството и младоста ќе се спојат квалитетот на производот е одличен.

Комплетен автор на „Во име на љубовта“ е Бобан Василевски, а песната е снимена во неговото студио во продукција на ССЛ.

Додека го очекувате новиот албум на кој пејачот интензивно работи, во продолжение може да ја слушнете неговата најнова песна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top