| четврток, 6 декември 2018 |

Избирачкиот список од утре на увид

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија во пресрет на локалните избори закажани за 24 март

izbori-1Државната изборна комисија соопшти дека увидот ќе трае до 9 февруари, а гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден од 8.30 до 19.00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од избирачкиот список.

ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари оваа година извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата заради проверка и впишување во Избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид.

Гласачите проверката можат да ја вршат и по електронски пат преку веб-страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот избирачки список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top