Тажно е колку премиерот Зоран Заев го потценува народот. Се уште ни одѕвонуваат во ушите неговите зборови дека не му приличи да игра на картата на патриотизмот, кога тој од нас, народот на Македонија која ја распродава, побара да бидеме патриоти и да излеземе на реферндум за промена на името.
Човекот кој јавно се откажа од патриотизмот, сега подмолно повикува патриотски да се поддржело бришење на името.
-Направете го вистинскиот избор. Ова е моментот за одлука. Сега е време за храбри чекори за Татковината, време за патриотски одлуки, со овие зборови премиереот Заев го повика народот да излезе на рферендум за бришење на името, играјќи повторно на картата на патриотизмот иако самиот не многу одамна рече дека не му приличело да биде патриот.
– Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворната партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така да обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, како Законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат нас. Луѓето очекуваат ние да бидеме сплотувачкиот фактор, рече Заев во емисијата „Патот кон“ на Алсат М при гостување кај неговиот партиски колега Мухамед Зекири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)