Авион на мексиканската воздухопловна компанија „Aeromexico“ на летот AM2431 до Мексико Сити се урна во вторникот по локално време, речиси веднаш по полетувањето од аеродромот во Дуранго, објави компанијата на својот профил на Twitter. Според последните информации за среќа нема жртви.
„Запознаени сме со инцидентот во Дуранго., работиме да ги потврдиме информациите и да ги добиеме поединостите“, се истакнува во соопштението.
Гувернерот на истоимената област, Хозе Росас Аиспуро, на својот микроблог на Twitter објави дека властите сѐ уште немаат официјални информации за бројот на загинатите во авионската несреќа. „Официјални податоци за настрадани или загинати нема“, напиша.
Малку подоцна Аиспуро, исто така, на социјалните мрежи објави дека нема жртви во падот на авионот, туку само 18 лица биле повредени.
„Потврдено де дека нема загинати во инцидентот на летот АМ241. Сега на местото на несреќата е дел од кабинетот (на сојузната држава Дуранго) на чело со координаторот Розарио Кастро, за помош на повредените и за соработка со аеродромските власти“, напиша Аиспуро на Twitter.
Министерството за здравство на сојузната држава, потврди дека 18 лица се повредени во несреќата со авионот. „Во болницата во Дуранго се донесени 18 настрадани во авионската несреќа што се случи во близина на меѓународниот аеродром ‘Гвадалупе Викторија“, соопшти министерството.
Според медиумските извештаи од самото место на несреќата, повеќето патници самостојно ја напуштиле авионската кабина.
#ÚLTIMOSEGUNDO: Al menos 80 víctimas tras estrellarse un avión de #Aeroméxico en #Durango, #México. pic.twitter.com/CuYEkW14Ad
— El Mundo Al Segundo (@MundoAlSegundo) July 31, 2018
Истовремено електронското издание на весникот El Universal објави дека во авионот имало најмалку 80 патници и членови на екипажот. Според изданието, станува збор за моделот на авион „Embraer 190“, чијшто капацитет на патници е од 98 до 114 лица.
Весникот En Cambio Diario објави дека авионот на споменатата компанија превезувал околу сто патници. Весникот Sol de Durango, пак, наведува дека несреќата се случила околу 16 часот по локално време, околу 23 часот по македонско време, само пет минути по полетувањето од аеродромот „Гвадалупе Викторија“ кој е на 40 минути возење од центарот на Дуранго.
Според прецизираните податоци, во авионот имало 101 човек, 97 патници и четворица членови на екипажот.
Причината за несреќата најверојатно се неповолните метеоролошки услови кои владееле во областа на аеродромот во Дуранго, соопшти операторот „OMA Aeropuertos“ кој управува со аеродромите во овој дел на Мексико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)