| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Велевска по трет пат стана мајка (ФОТО)

Вчера наутро во 9:40 часот, во болницата „Систина“ во Скопје, фолк пејачката Елена Велевска на свет донесе девојче тешко 3.340гр. и долго 50см, на кое веќе со семејството и одбраа име. Сестричката на Софија и Марко се вика Калија.

Како и претходните две породувања, таа и овој пат се одлучи за царски рез. Иако уплашена бидејќи истиот мускул се сече три пати, за среќа на Елена овој пат најлесно помина.

– Бог денес ми подари најскапоцен подарок за кој навистина вреди да се живее. Вербата во Бога и молитвата беа постојано во моите мисли и најпотребното оружје во ваквите моменти на страв. Ова беше прекрасен ден за мене!!!Операциониот зафат го направи д-р Снежана Тимчева на која јавно и ја изразувам мојата благодарност за одлично завршената работа и која би ја нарекла жена Шампион. Горда сум на фактот што по трет пат станав мајка и навистина сум најсреќната мајка!!! – изјави таа Ексклузивно за порталот „Естрада Плус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top