| четврток, 6 декември 2018 |

Исказите на Елена се лага, но се уште живееме под ист кров: Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната

Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите кои испаднаа во медиумите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.

Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо. Затоа, дошло крајно време бракот да заврши, а со јавното појаснување би сакала на нејзината приватност поврзана со брачниот живот да и се стави точка.

Но, бидејќи приказната има две страни, редакцијата на Вистина.мк разговараше со Марјан Мирчески кој во телефонски разговор открил дека исказите на Елена се лага, но дека се уште живеат под ист кров.

-Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули – рекол Марјан за Вистина.мк и додал дека се уште се заедно во иста куќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top