Во судир на автобус и два патнички автомобили во тешка сообраќајна несреќа во Грделичка клисура во Србија, кај Предејане, повредени се 21 лице, меѓу кои девет деца.
До несреќата, која се случила нешто пред 16 часот, дошло кога „ауди“ со германски таблички при претекнување на „шкода“ со српски таблички се судрил со автобусот кој доаѓал од спротивната насока, по што се одбил од автобусот и удрил во „шкодата“, соопшти српската полиција.
Автобусот, во кој имало и деца, по судирот се превртел во ендек.
Сите повредени се згрижени во здравствениот центар во Лесковац.
Сообраќајот на тој дел од патот е нормализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)