| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на загинати во несреќата во Канада

kanada nesrekaБројот на жртви во канадската железничка несреќа се искачи на 15. Во несреќата во покраината Квебек, што се случи во саботата кога товарен воз со 72 вагон-цистерни со нафта излета од шините,  50 лица се водат како исчезнати.

Полицијата покренува кривична истрага за откривање на причините за експлозијата, но мала е веројатноста дека станува збор за терористички акт. Директорот на американската железничка компанија ги обвини пожарникарите за железничката несреќа, што е најтешката во поновата историја на Канада. Според него, пожарникарите дека ги ослободиле кочниците на возот кога тој бил запрен во Нант, на околу 13 километри од Лак-Мегантик, за промена на машиновозачот и останатиот персонал. Пожарникарите биле повикани да изгаснат помал пожар во еден од петте вагони на возот.

Во експлозијата беа уништени четири кварта, вклучително 30 згради.Евакуирани беа околу 2.000 жители, што е третина од вкупното население во малиот град Лак-Мегантик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top