Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска пристигнува во нова посета на Македонија. Претседателот на групацијата Сахара Индија Паривар слетува во 12 часот на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле.
За време на посетата Рој ќе се сретне со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, со премиерот Никола Груевски и со повеќе министри од владата.
Индијците од охридскиот градоначалник побарал дополнителни 17 хектари за изградба на сместувачки капацитети за пeрсоналот кој ќе работи на тој комплекс. Пред неколку дена порталот Билд објави дека Министерството за култура одлучило да му подари парцела од 621 квадратни метри на Рој на скопскиот градски плоштад. Плацот се наоѓа спроти „Воинот на коњ“, а одлуката, како што пишуваше Билд, веќе е објавена во службен весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


