| четврток, 6 декември 2018 |

На Цецто снаата: До земја, царе! (ВИДЕО)

Конзистентноста на ставовите на премиерот Зоран Заев, особено за видот на референдумот, ги фасцинира корисниците на социјалните мрежи, а твитер-профилот „На Цецто снаата“  ја збогатува дебатата со видеоприлог, направен пред околу еден месец. Триесет дена се премногу од доволно пишман премиерот да си остане на зборот. Ако не верувате, повелете.

На снимката претседателот на Владата му се обраќа на опозицискиот пратеник Велјановски со тврдењето дека референдумот ќе биде задолжителен, а не консултативен.

Денеска од Куманово, пак, Заев порача: „Знам дека референдумот ќе биде консултативен“.

– Процедурите се отпочнати во собранието, она за што сум информиран во консултација со пратеничката група на СДСМ, ДУИ и сите други пратенички групи и пратеници од мнозинството, мнозинството пратеници кои се со својот потпис за отпочнување на иницијативата за распишување нар еферендумот, знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме „ Дали сте за членство во Европската унија и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, знам дека референдумот ќе биде консултативен, изјави Заев.

Задолжителниот стана консултативен: Заев излажа и за референдумот (ВИДЕО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top