| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски апсурд: Тунел не води никаде, а чини 44 милиони евра

Тунелот, чија изградба започна пред 6 години и кој е најавуван како капитален проект, води право во провалија.

Овој бесмислен тунел над Омиш сега ја заинтригира не само хрватската туку и светската јавност. Британски ББЦ објави напис за тунелот за никаде, кој ѕирка од планината, а кој е пробиен пред неколку години како дел од обиколница која се уште не е завршена.

Повикувајќи се на РТЛ, кој пред два дена ја објави оваа приказна, Би Би Си пишува дека „хрватските даночни обврзници се бесни поради тунелот од 44 милиони евра кој не води никаде“, стои во насловот на текстот.

Тунелот долг 1.471 метри минува низ планината над градот и избива над кањонот на реката Цетина. Тунелот е замислен како решение за огромните гужви, но тунелот уште не е завршен.

Во текстот Би Би Си ги наведува и зборовите на омишкиот градоначалник Иво Томасовиќ кој најавува набрзо конкурс за изградба на мост кој би го спојувал тунелот и патот Д70 кој оди кон Сплит.

Меѓутоа се застана. Пари снемало, а на омишаните одамна им преседе се. Сообраќајната сламка на спасот стана предмет на шеги и градско руголо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top