| четврток, 6 декември 2018 |

И СДСМ бара волонтери

sdsm

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објавува отворен повик за волонтирање чија цел е ангажирање на креативни, професионални, подготвени за тимска работа, високо мотивирани и трудољубиви лица, кои би биле вклучени во активностите на повеќе нивоа и сектори на централната партиската организација.

СДСМ ги повикува сите заинтересирани приврзаници и поддржувачи на социјалдемократијата како идеологија, членови и симпатизери активно да се вклучат во работата на СДСМ и креирањето на победничката политика на нашата партија. Добредојден е секој кој има желба и иницијатива за создавање на реални политики на партијата, а со тоа и визија за напредна државна политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top