Се наоѓаме пред периодот кој ќе биде досега најтопол ова лето 2018 и токму ова треба некаде да се случи на средината на следната недела, прогнозира метео-прогнозерот Славчо Попоски.
Температурите на воздухот, и покрај тоа што ќе бидат во пораст, сепак ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатите лета кога знаеле да се искачат дури и до 45 степени.
На средината од следната недела максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени а до тогатш ќе се искачуваат во интервалот некаде од 25 до 34, 35 степени.
Значи и покрај тоа што ни следува досега најтоплиот дел од летото не се очекува ништо екстремно па дури температурите на воздухот и понатаму ќе бидат малку под просекот за овој натопол дел од годината.
Од друга страна пак Флоријан нема намера да не напушти што значи и понатаму ќе продолжи нестабилната атмосфера што значи треба да очекуваме особено во текот на попладневните часови развој на нестабилност проследена со локална појава напороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално НЕВРЕМЕ со град и значително количество на воден талог.
Потоа за време на следниот викенд температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.