До крајот на денов ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, времето ќе биде претежно сончево и свежо.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.
Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе има значително затоплување на времето па така во следните денови температурите ќе бидат натрпосечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност.
Во недела доцна попладне и навчер особено на југоисток ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој ќе засилува на интензитет.
НАПОМЕНА: Температурите во текот на следните дсенови ќе бидат дури за околу десеттина степени повисоки од нормалните.
Подготви: Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.