| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту Канскиот фестивал не е поштеден од терористи: Луѓето евакуирани поради сомнителен предмет

Местото каде се одржува Канскиот фестивал по 70-ти пат вчера е евакуирано на кратко од безбедносни причини.

Проекцијата на еден од филмовите доцнеше неколку минути. Во салата за проекција е најден сомнителен предмет. Подоцна е утврдено дека станува збор за предмет кој некој од присутните го заборавил.

Полицијата потоа соопштила дека луѓето можат да се вратат во салата.

Во Франција на сила е вонредната состојба откако пред две години имаше терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top