| четврток, 6 декември 2018 |

Охридски партиски патрдии: Се „мувет“ ил бистрат политика

фото: Охрид1

Фотографии на кои првиот човек на ЛДП Охрид Дејан Блажески вечера и ја допира на раката портпаролката на СДСМ Охрид Љупка Иваноска стигнаа до порталот Охрид 1.

muvet

Порталот повикувајќи се на пријатели блиски на Блажески и Иваноска пишува дека роматичните вечери нив веќе им станале пракса и често ги практикувале, па се поставува прашањето дали ваквите вечеринки со храна и вино најавуваат коалиција меѓу СДСМ и ЛДП или се работи за љубовна романса на политичката сцена во Охрид , и дали љубезната Иваноска ќе го омекне и спушти на земја крутиот Блажески кој пак често се конфронтира со градоначалникот од партијата на Иваноска.

Инаку Дејан Блажески јавно кажува дека тој сакал паметни девојки , а за Љупка вели дека била еден од најсолидните кадри кои СДСМ ги има.

Во секој случај охридската чаршија добро се забавува, чекајќи ги туристите кои годинава никако да стигнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top