| четврток, 6 декември 2018 |

„Газета експрес“: Трамп даде зелено светло за поделба на Косово

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп дала зелено светло за опцијата поделба на Косово, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Весникот се повикува на неименувани дипломатски извори и наведува дека постои можност договорот да бил постигнат на недамнешниот состанок помеѓу Трамп и рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот во Хелсинки.

Според сознанијата на весникот, администрацијата на Трамп се согласила Косово да и даде територија на Србија, во замена за признавање.

Оваа радикална промена во администрацијата на претседателот на САД, се случува по заминувањето на поранешниот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер и по доаѓањето на Џон Болтон на тоа место, кој е познат по својот антикосовски пристап од времето кога бил амбасадор на САД во Обединетите Нации, пишува „Газета експрес“.

Весникот додава дека на крајот она што ќе остане од Косово, би можело да се смета за провинција на Албанија.

извор: maknews.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top