Покрај Анѓушев, Локвенец, снаата на Цветанка Ласкова, Претседателот на ОО Кавадарци, денес се приклучува и Александар Семенпеев, советник на СДСМ во Општина Богданци, кој добил грант од Фондот за иновации, изјави денеска на прес-конференција, опозицискиот портпарол, Димче Арсовски
-Александар Семенпеев од СДСМ кој заедно со својот татко се сопственици на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, доби грант од Фондот за иновации во вредност од 1.058.541 денари. Да потенцираме дека печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци во повеќе наврати има печатено рекламни материјали за СДСМ. Дали можеби со овој грант се расчистуваат некои претходни изборни долгови од СДСМ кон печатницата? Особено е чудно и несфатливо за јавноста во целата постапка како е можно баш сите овие функционери во СДСМ да добијат грантови за своите бизниси- изјави Арсовски.
Тој додаде дека Јавното обвинителство мора сериозно да ги испита сомненијата за криминал со поделбата на грантови во вредност од 10,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)