Месечината в петок ќе стане „крваво црвена”, поради што теоретичари на заговор веруваат дека на нашата планета конечно (по којзнае кој пат) и дошол крајот.
Прилично активниот „Јутјуб проповедник“ Пол Бигли вели дека „темно-црвената сенка на Месечината е можеби знак за второто доаѓање”.
– Знаете, Бог ми се обрати неодамна и ми рече дека морам да посветам внимание на „квавата месечина“. Ми кажа и дека треба да откријам што всушност се случува и јас открив дека тоа ќе биде најдолгата крвава Месечина во последните 100 години – истакнува „пророкот“.
Тој потоа се повикува и на Библијата, потсетувајќи дека и древниот израелски пророк Јоил запишал дека „Сонцето ќе се затемни, а Месечината ќе се претвори во крв пред големиот ден кога Господ ќе дојде”.
Поцрвенувањето на Месечината утре својата кулминација ќе ја достигне во 20:22 часот по Гринич, односно 22:22 часот по македонско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.