Вечерва подгответе се за крвава месечина. Благодарение на помрачувањето на Месечината во текот на најдолгата ноќ во годината, вечерва човештвото ќе ја искуси најдолгата и најмрачна ноќ во последните 500 години.
Земјината сенка ќе почне вечерва да ја затскрива Месечината, а во текот на целосното помрачување нашата планета ќе се наоѓа директно помеѓу Сонцето и Месечината, а сателитот на Земјата ќе прими портокалово-црвена боја во текот на 72 минути.
Луѓето во Европа и Африка ќе можат да видат само дел од помрачувањето пред тоа да го прекине Сонцето.
Помрачувањето на Месечината целосно ќе може да го видат жителите на Северна Америка, Гренланд и делови од Русија.
Во 11.44 часот денеска и официјално почна зимата, на северната полутопка на Земјата, а денес ноќта ќе биде најдолга.
Во комбинација со помрачувањето на Месечината, вечерва секако ќе може да уживате во еден спектакл. Иако можеби овој природен феномен звучи опасно, причина за загриженост нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.